На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои 56 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, девет мерки за возење без возачка дозвола и 34 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Од МВР денеска соопштија дека изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за возач почетник, три за нерегистрирани возила, 50 за непрописно паркирање

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнаа од МВР.