Досега против Русија се воведени повеќе од 6.000 санкции, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин.
Поднесувајќи извештај за работата на владата до руската Дума, Мишустин истакна дека санкциите што следувале оваа година биле од невидени размери и дека на Русија и биле воведени повеќе ограничувања од која било друга земја во историјата.
Санкциите се насочени против сите Руси, констатираше премиерот.
Мишустин додаде дека поранешните партнери на Русија се натпреваруваат околу тоа кој попрво ќе воведе рестриктивни мерки и дека целта на санкциите е да се предизвика паника и да се зададе удар врз секој руски граѓанин, а државите кои воведоа санкции се вратија на својата „типично пиратска практика“ , со што имаат намера да ја отсечат неговата земја од светот.