Во моментов голем пожар има во центарот на град Скопје каде горат просториите на поранешната фабрика за мебел Треска.
Според информациите од теренот, како што пренесува инфомакс.мк ,силниот ветер веднаш го раширил пожарот, а во моментов граѓаните од околните згради се надвор од своите домови.
На терен веќе се екипите на противпожарната бригата, а она што е многу симптоматично е како за краток период се запали уште една напуштена локација на ексклузивна градежна локација во Скопје, пишива порталот.
Видеото како граѓаните ги напуштаат своите домови можете да го погледнете тука.
Досега нема пријава за повредени лица во пожарот што избувна попладнево во кругот на фабриката „Треска“, велат од МВР за МИА.
Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти.
Од ЦУК информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвикува густиот црн чад во центарот на Скопје.
Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.
На терен се екипи со шест противпожарни возила. Побарани се и доплнители возила за гасење на пожарот.