Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата во Мариупол е многу тешка.
-Нашите војници се блокирани, повредените се блокирани. Хуманитарна криза е … Сепак, момчињата се бранат“, изјави Зеленски за „Украинска правда“.
Тој рече дека разговарал со лидерите на Обединетото Кралство и Шведска за тоа како најдобро да им се помогне на оние што го бранат Мариупол и десетиците илјади цивили заробени во опколениот град.
Украинскиот претседател смета дека судбината на Мариупол може да се реши или со борби или со дипломатија, пренесуваат странските агенции.
-Или нашите партнери веднаш ѝ го дадат на Украина целото неопходно тешко оружје за да можеме да го намалиме притисокот на окупаторите врз Мариупол и да ја пробиеме блокадата или тоа ќе го правиме преку преговори, во кои улогата на нашите партнери треба да биде одлучувачка, рече Зеленски.