Градоначалникот на Харков, Игор Терехов денеска за Би-Би-Си изјави дека е убеден дека украинските сили ќе го одбранат градот.
Најмалку три лица денеска загинаа, а 16 се ранети во гранатирањето на вториот по големина град во Украина, изјави регионалниот гувернер.
-Верувам дека ќе го одбраниме Харков. Нема да му дадеме шанса на рускиот агресор да го преземе, тоа е многу важно за нас, изјави градоначалникот Терехов.
Тој додаде дека руската офанзива се изведува и напредува од север.
-Колку што знам, таму се водат жестоки битки и украинските сили успешно го одбиваат непријателот, рече градоначалникот на Харков, Игор Терехов.