Грција денеска запленила руски нафтен танкер кај островот Евија како дел од санкциите на Европската унија против Русија, изјави претставник на грчкото Министерство за поморство.
Бродот „Пегазус“ под руско знаме со 19 руски членови на екипажот бил запленет во близина на крајбрежниот град Каристос во Евија.
„Тој беше запленет како дел од санкциите на Европската унија“, изјавил претставник на Министерството за поморство.
Претставник на крајбрежната стража изјавил дека бродот е запленет, но не и нафтата што ја превезувал.