Министерството за здравство и социјални услуги на Квебек, Канада се извини откако на нивниот официјален твитер-профил по грешка се појави линк што носи до видео на „Pornhub“ наместо на владината страница со информации поврзани со ковид-19.

„На нашиот твитер-профил беше објавен линк со несоодветна содржина. Се извинуваме за непријатностите“, порачаа тие.

 

Контроверзниот линк беше објавен во четвртокот, а оние кои кликнале на линкот биле пречекани со 18+ видео со фокус на стапала.

За кратко на „Твитер“ почнаа да се шират шеги на сметка на настанатата ситуација.

„Ова се информациите за коронавирусот што сите ги баравме“, напиша еден корисник. „Владата нè снабдува со бесплатно порно. Браво за владата“, додаде друг. „Очигледно службениците во министерството имаат многу слободно време па го трошат на веб-страници со несоодветна содржина“, заклучува третиот.