Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева иако е осудена, Велигден го помина дома. Таа добила слободен викенд од „Идризово“, па празникот го славеше далеку од зад решетките. Осудена е на казна затвор од 7 години.
Таа за време на викендот беше многу активна на социјалните мрежи. Објави фотографија од себе на која е тазе фенирана, дотерана и со очила за сонце.
Потоа со мотивирачки цитати им се обрати на пријателите.
„Предност на паметните луѓе е тоа што можат да се прават будали. Спротивното е тешко изводливо“ – гласи еден од цитатите.