Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен тетовец, кој е осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 26 април, полициски службеници го затекнале осомничениот во близина на зградата во која живеел. При личен преглед во неговиот ранец пронашле 7 тегли со наркотична дрога марихуана, а во хартиената торба што ја носел во рацете и во пластична канта во подрумот на зградата откриле и дополнително количество марихуана. Вкупно кај осомничениот биле пронајдени 1.188,31 грам од оваа наркотична дрога и веднаш му биле одземени.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена.​