На 26.04.2022 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(73), удрило во пешакот А.М.(54), двајцата од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.