Македонската фудбалска репрезентација до 16 години попладнево го совлада Таџикистан на пенали со 5-4 (3-3) во рамки на премиерниот натпревар на УЕФА развојниот турнир во Скопје.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ во интересен натпревар, полн со возбудувања и отворена игра на двете страни, одиграа нерешено 3-3 во регуларниот дел од средбата, а беа подобри по изведувањето пенали.

По половина час игра, македонските фудбалери водеа со 2-0 со головите на Нуман Ајетовиќ (5. минута) и Анес Мелиќи (27), a до крајот на првите 45 минути, уследи голем пад во играта на „црвено – жолтите“ што противникот го искористи и преку Масрур Гафуров (35) и Билол Бобоев (45) го израмни резултатот.

Таџикистан поведе со вториот гол на Бобоев (48), а натпреварот на пенали го однесе Стефан Младеновски (84).

По изведување на пеналите, Македонија успеа да слави победа со вкупни 5-4.