На денешната седница на Комисија за одбрана и безбедност власта на ДУИ и СДСМ помина закон кој што ќе ги зголеми девијантните појави во општеството и државата, реагира Драган Ковачки.
Неговиот Фејсук статус го пренесуваме во продолжение:
-Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за прекршоците против јавниот ред и мир со енормното намалување на глобите, дава голема флексибилност кај физичките лица и наместо да влијае превентивно, ги стимулира прекршоците, односно со овие измени ќе се зголеми девијантното однесување посебно кај младите лица.Имено, со намалување на глобите, посебно во член 17 од постоечкиот закон се вели: Кој оштетува, уништува или осквернува споменик ќе му се изрече глоба во висина во висина од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. Со новите измени оваа глоба ќе се намали на „100 до 150 евра“.
Во членот 18 од постојниот закон стои: Кој неовластено отстрани, искине, замачка, оштети или на било кој начин ги изложи на подбив државите симболи на Република Македонија, симболите на припадниците на заедницитe или истакне знаме или грб кој не ги содржи обележјата пропишани со закон ќе му се изрече глоба во висина од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност.
Со новите измени оваа глоба ќе се намали на „100 до 250 евра“!!!
Ова е доказ дека на власта националните симболи не е и’ се важни.
Во услови кога македонските симболи се оспорувани од соседите, СДСМ и ДУИ носат измени на закон со кој не само што нема да се намали, туку напротив ќе се зголеми и стимулира неодговорното однесување, а со тоа и нарушувањето на поредокот и јавниот ред и мир.
И покрај согласноста од страна на сите политички субјекти дека глобите се енормно намалени и дека треба да се формира работна група за усогласување на глобите, СДСМ и коалицијата не го испочитуваа договорот и го поминаа законот.
Ова е уште еден доказ дека оваа власт треба што побрзо да замине.