Триесет проценти од работните места во Украина – вкупно 4,8 милиони – се изгубени по руската инвазија, објавија ОН, а изгледите се уште полоши ако војната продолжи.
-Економските нарушувања, во комбинација со силно внатрешно раселување и бранови бегалци, предизвикуваат големи загуби во однос на вработувањето и приходите, соопшти Меѓународната организација на трудот на ОН (ИЛО).
Во својот прв извештај за последиците од руската војна во Украина, не само за тие земји, туку и за централна Азија и остатокот од светот, ИЛО изложи неколку сценарија, во зависност од тоа како ќе се развива конфликтот.
-Доколку непријателствата прекинат веднаш, може да дојде до брзо закрепнување, со враќање на 3,4 милиони работни места, со што ќе се намалат загубите на вработеноста на 8,9 отсто, наведува агенцијата.
„Во сценарио на натамошна воена ескалација, загубите на вработеноста дополнително ќе се зголемат и ќе достигнат седум милиони, или 43,5 проценти.
ИЛО ги пофали напорите на Киев да продолжи да функционира системот за социјална заштита на Украина.
-Украинската влада е целосно оперативна, како и работодавачите и работничките организации, рече на прес-конференција Хајнц Колер, регионален директор на ИЛО за Европа и Централна Азија.
-Ние продолжуваме да ги поддржуваме за да бидеме подготвени да им помогнеме во сегашната ситуација, но се надеваме и во фазата на реконструкција по завршувањето на овој конфликт.
Во март, агенцијата за труд на ОН соопшти дека ја прекинува сета техничка соработка со Русија додека таа не ја прекине војната во Украина, нарекувајќи ја инвазијата „грубо некомпатибилна“ со принципите на членството во ИЛО.
Февруарската инвазија ја предизвика најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна.