По две години борба со ракот, сликарката Андријана Мациевска, ќерката на пејачката и водителка Јулија, ја загуби битката со болеста. На социјалните мрежи пријателите веќе се простуваат од Андријана. Таа почина на 41 години, беше сликар и мајка на малата Стефанија.
Пред само неколку дена, нејзината мајка побара од пријателите да се помолат за нејзината ќерка која тогаш се борела за живот на Клиниката за онкологија.
„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божјо чудо, зошто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче“. напиша тогаш Јулија, но за жал, Андријана не ја издржа битката со лошата болест.