Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вчера преку своите подрачни одделенија за заштита и спасување во Кичево, Македонски Брод, Крушево, Свети Николе, Кратово и Пробиштип успешно ја заврши организираната кампања за подигнување на свеста за намалување на заканите од шумски пожари под мотото „Да се научиме како да ги заштитиме шумите од пожари“ во склоп на месецот на превенција од пожари, оценија од ДЗС.
Кампањата, како што посочуваат, се спроведе со презентации меѓу граѓаните и распределување на промотивни материјали за подготвеноста, заштитата и спасувањето од пожари.
– Главен таргет на оваа кампања беа граѓаните од општините на Република Северна Македонија, кои важат за високо ризичен регион од опасност со пожари на отворено. Освен вработените на ДЗС во активностите учествуваа вработени на ТППЕ, како и претставници од ЕЛС на општините, се вели во соопштението.