-Зошто датумот е 18-ти јуни? Бидејќи треба да се направат подготовки, за да се закаже, да се добие дозвола за протест , тој ќе биде голем и народен собир што ќе се случува во Скопје, тоа првиот момент. Вториот момент е за оние состојби кои што во моментов течат и кои што ќе покажат дека нема да излезат со позитивен резултат за Македонија, зборувам од аспект на европските интеграции. И третиот момент е дека ќе дојде како след на низа на други случување, овој протест е след на она што тече веќе во Собранието, активната блокада, односно спречување на оние штетни политики кои што се обидува власта да ги протурка низ Собранието, појасни Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија “Филибастер”
Стоилковски додаде дека активната блокада во Собранието беше повеќе од успешна.
-Тоа што Џафери го направи е недостоинствено и во прашање го доведува сиот углед на државата, јас не можам да разберам и прашањето не ми е реторички, туку буквално го поставувам еве со цел Ковачевски како премиер на државата да ми одговори како е можно за снимка чија што автентичност ја потврди собранискиот канал на Македонската телевизија кога го пренесуваше во живо, ја потврди и Талат Џафери како претседател на Собранието дека тоа се негови зборови искажани, да не ги осуди. Димитар Ковачевски да не се прави недоветен. Како тоа Ковачевски ја слушнал снимката, а не може да каже за кого се работи и да бара одговорност. Јас не можам да разберам до кој степен може СДСМ да се стави во подредена улога само и само за да се задржи гола власт, власт колку за власт, не за да се направи нешто, туку да се зачува власта и да не се наруши онаа коалиција каде што на сите ни е јасно дека ДУИ е во надредена ситуација. Вакво понижување на Собранието, вакво понижување од страна на претседател на Собрание кон вработени и воопшто вакви зборови се нешто што треба да издејствува во најмала рака со повлекување не само од претседателското место во Собранието, како спикер во Собранието од страна на Талат Џафери туку и од пратеничкото место. Бидејќи Талат Џафери е таму седнат како човек врз база на определен број на гласови кои што ги добила неговата партија односно каде што тој бил дел на листата. Талат Џафери преставува дел од граѓаните и не смее да си дозволи едно такво понижување и паѓање на моралот јавно и создавање на една практика на однесување и практикување на власт, рече Стоилковски.
Стоилковски посочи дека Талат Џафери мора да биде повлечен самиот. Доколку не се повлече самиот, тогаш тој лично ќе бара испитување на деловна способност на Талат Џафери бидејќи излив од овој степен на нервоза, на недоличност, на простотилук, е недозволиво за претседател на Собранието.
-Што е тука многу важно? Многу е важно што Талат Џафери со функцијата претседател на Собранието е втор човек во државата во отсуство на претседателот на државата, тој го менува, неговиот потпис, неговиот збор е прв, над премиерското, потсети Стоилковски.