Пратениците на владејачката коалиција во Полска се согласија на судските реформи, за кои Владата смета дека ќе деблокираат милијарди евра помош од Европската унија, помагајќи и на економијата да се справи со последиците од пандемијата на Ковид-19 и војната во Украина.
Повеќе од 35 милијарди евра заеми за закрепнување од коронавирусот се ставени во мирување поради спорот со Брисел за владеење на правото, но Варшава соопшти дека постигнала договор за условите за деблокирање на средствата и очекува одобрување од ЕУ во наредните денови.
Реформата во судството, која беше договорена вчера, претставуваше клуч за сето тоа, јавија локалните медиуми.