САД, Франција, Германија и Велика Британија апелираат до членките на ОН да го задржат пазарот на храна, како и земјоделскиот пазар, со што ќе се избегнат рестриктивните мерки.

Тие ги повикаа „сите членки на ОН да ги спречат неоправданите рестриктивни мерки, како што се забраните за извоз на храна или ѓубрива“, кои ја зголемуваат нестабилноста на пазарот и ја загрозуваат безбедноста на храната на глобално ниво. Во заедничката изјава на споменатите земји се повикува на „овозможување безбеден поморски транспорт на храна преку Црното Море“.

Изјавата беше одобрена на Министерската конференција за безбедност на храната, а беше потпишана и од Австралија, Албанија, Бразил, Гвајана, Гана, ДР Конго, Египет, Индонезија, Ирска, Италија, Јемен, Катар, Кенија, Кувајт, Либан, Литванија, Мавританија, Мексико, Холандија, Нигерија, Норвешка, Емирати, Романија, Саудиска Арабија, Сенегал, Тунис, Турција, Украина, Шведска и Јапонија.

Во соопштението, исто така, се повикуваат „сите членки на ОН да ги зголемат своите инвестиции во истражување за тоа како да се развијат и имплементираат научни иновации засновани на отпорноста на климата“, како и „внимателно да ги следат пазарите кои влијаат на системите за храна“