Владата да престане со презентирање на “добрите политики“ и да не дава оптимистички изјави, туку да излезе пред народот и да ја каже вистината која што е во моментов и она што не очекува во нареден период, вели поранешниот министер за финасии Џевдет Хајредини.
Ситуацијата само ќе се влошува и сиромаштијата ќе расте. Стандардот на граѓаните не ќе може да се поправи. Покачувањето на минималната плата и другите е апсолутно неурализиран и нема ефект, додава Хајредини.
Очекува Владата да ги стопира капиталните инвестиции што само посебе е катастрофален потег и парите да се пренасочат како мерки за најсиромашните граѓани. Вели, по донесување на ребалансoт, за еден месец ќе мора да се направи нов ребаланс на Буџетот.
Хајредини вели дека оваа Влада е насочена само како да си ја задржи власта и да го издржи мандатот до крај, но истовремен е зачуден која е таа опозиција која во ваква ситуација сака да дојде на власт!
Лидер: Поскапува речиси се. Вечера на бензинските пумпи се чекаше и по час зада се наточки бензин по поефтина цена, се најувава ново поскапување на струјата. Од денеска основните прехранбени продукти повеќе нема да се продаваат со нула проценти ДДВ, а се враќа и ДДВ-то за бензините на 18 проценти. За првпат еден литар бензин од денеска се продава над 100 денари.
Народот е во паника. Што треба да превземе државата за да се ублажи оваа нова криза? И дали би издржала државната каса ако има нови државни мерки.
-Владата прво што треба да направи е да престане со презентирање пред јавноста и граѓаните на Македнија (она што го прави цела година), дека се е во ред. Дека се водат добри политики, дека нивните политики даваат резултати и тоа го повторуваат. Дека ги ограничуваат цените на производите, на струјата и итн…и на крај заклучуваат дека сетоа тоа го прават во интерес на државата и граѓаните, како да никогаш и никој не работел во интерес на граѓаните или дека имаат некоја варијанта да не работат па да им благодариме, дека ете работат за граѓаните.
Ова што сега се случува не е ништо ново, и тие знаеле дека ќе дојде до ова. Прво што треба да направат е да излезат пред народот и да не даваат оптимистички изјави, туку да ја кажат вистината која што е во моментов и она што не очекува во нареден период.
Хајредини смета дека мерките кои досега се превземаа се краткоточни и се само гаснење на пожар кои имаат реоперкусии по државната каса.
-Мерките што сега произлегуваат со порастот на минималната и другите плати, апсолутно за неколку дена се неутрализирани и ги нема позитивните ефекти од покачувањето.
Стандардот на граѓаните не е можно да се поправи, тој и натаму ќе се влоши!
Што треба да прават? Ова е гаснење пожар. Што времено кога ограничуваш цени треба да знаеш дека загубите преку Буџетот треба да ги платиш.Еве за струјата. Тие велат не треба да дозволиме пораст на струјата повеќе од 10%,( сега веќе не ќе може) меѓутоа и на ЕВН како приватна компанија ако му ја ограничиш цената, должен си да му ја покриеш загубата што ќе ја создаде, со продажба на струја на граѓаните со помали цени.
Прво да се помириме со тоа дека сиромаштијата и натаму ќе расте.
Владата и натаму се фали дека бројот на невработени се намалува а не кажуваат дали се зголемува бројот на вработените. Заминуваат луѓето во странство, па оттука нормално е дека ќе се намали бројот на тие што бараат работа тука во Македонија.Сега да видиме што. Задолжувањето како ова што го најавија од ММФ е мерка на краток рок со која можат во моментот да задоволат некои протести.
Тие и натаму се многу оптоварени со тоа да не дојде до избори и да изгубат власт. Мене ме чуди најмногу па тие што сакаат да дојдат на власт во оваа ситуација. Кој е тој што сега може да се справи со оваа состојба. Не е само Македонија во ваква состојба, тука се и другите слични држави.
Хајредини очекува да запрат сите капитални инвестиции и тие пари да се пренасочат како помош за најсиромашните.
-Очекувана криза, останува да видиме што ќе прават во наредните денови.
Со досегашните мерки, ништо .Тие се времени. Ќе мора да се престане со било какви изградби, да се градат автопатишта кои никогаш не ги завршуваат а парите одат, ќе мора да се прекинат сите инвестиции што е катастрофално за државата од луѓето и парите да се пренасочат на најсиромашните граѓани на Македонија и да им обезбедат егзистенција.
Лидер: Сепак ќе мора да има нови мерки кои веднаш треба да стапат на сила?
-Апсолутно. И овој ребаланс кој сега треба да го донесат, тие веднаш после месец дена треба да прават нов ребеланс. Да го преструктуираат Буџетот, се кон тоа да им се помогне на луѓето да ја поднесат оваа катастрофа што ни престои.