Пешак е повреден попладнево во сообраќајна несреќа на булеварот „Никола Карев” познат како улица „Пластичарска”.

Веста за МИА ја потврдија и од МВР од каде појаснија дека сообраќајката се случила кај клучката „Детелина”.

Според првичните информации, возило „опел корса” од Скопје во 14:15 часот удрил во пешак кој во меѓувреме е пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Увидот на местото на настанот уште трае.