На 30.12.2022 во 12.58 часот било пријавено дека во Струмица на ул.“Климент Охридски“ патничко моторно возило “киа соренто“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.С.(50) од с.Сушица, удрило во К.М.(50) од с.Василево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.М., констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.