Француски доброволец загинал борејќи се во Украина, потврди француското Министерство за надворешни работи.
Ваквото соопштение доаѓа по претходните извештаи на медиумите дека маж кој наводно е француски државјанин бил убиен во артилериски оган во Харков.
Свесни сме за тажната вест дека еден француски државјанин е убиен за време на борбите во Украина. Ги потсетуваме сите дека цела Украина е воена зона. Во овој поглед, не се препорачува патување во Украина од која било причина – соопштија од Министерството.
Претходно оваа недела, француски новинар загина во близина на Севереодонецк.