На 100-тиот ден од инвазијата, Володимир Зеленски рече дека Украина го направи она што изгледаше невозможно и ја запре втората армија на светот.

-Армијата ослободи дел од нашите територии и продолжи да ги одбива окупаторите. Русија не е во состојба да постигне ниту една стратешка цел и наместо тоа се обиде да ја префрли својата немоќ на цивилната инфраструктура и луѓето. Ви благодариме на сите поради кои Украина преживеа. Ќе победиме, рече Зеленски.