Некаде 2017 та година кога СДСМ ја презеде власта во тесен круг на владејачката структура тогашна се создаде мастер план за затворање на ВМРО-ДПМНЕ, чија што крајна цел беше забрана за политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и на врвните фигури во партијата, вели Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа.
Тоа значи поедноставно кажано партијата да не постои со судска одлука и дополнително на тоа тие кои што се најактивни во партијата исто така да не смеат политички да дејствуваат во период од 2 години. Тогаш јас тоа го изнесов во јавноста во ТВ дуел со Радмила Шекеринска кажав дека постои таков мастер план, намерно за колку толку да можам да го пукнам балонот и да се одвлече вниманието натаму за да се види која е намерата на власта. Значи тие немаа намера со нас да се натпреваруваат на избори, туку имаа намера да ја затворат партијата, додаде тој.
Николоски потенцираше дека тој јавно зборувал за тој мастер план од страна на власта на СДСМ и дека истиот содржел два аспекта, едниот за се уфрлат структури во ВМРО-ДПМНЕ кои би правеле проблеми на партијата, како и вториот аспект да се докаже дека партијата нелегално се финансирала и врз основа на тоа согласно закон да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и на врвните политички фигури во ВМРО-ДПМНЕ.
Тој мастер план содржеше неколку аспекти. Еден беше уфрлување во структурите на ВМРО-ДПМНЕ кои што би правеле проблеми, познати на јавноста се обидеа да направат така наречен вонреден конгрес, така што беше едниот дел. А вториот дел беше судски процес против ВМРО-ДПМНЕ во кој што во наводници ќе се докаже дека партијата нелегално се финансирала и врз основа на тоа согласно закон се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и на врвните политички фигури во ВМРО-ДПМНЕ. Понатаму Катица Јанева излезе во јавноста пред валандовскиот конгрес кога Христијан Мицкоски беше избран за претседател и кажа, цитирам: Доколку ни се допаѓаат резултатите од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ нема да отвориме случај за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ и за имотот на ВМРО-ДПМНЕ, но доколку не ни се допаднат резултатите ќе отвориме таков случај и ќе го заплениме имотот. Затоа што не им се допаѓаа резултатите бидејќи ВМРО-ДПМНЕ избра исклучително квалитетен и стабилен човек, кој што никој не може да му влијае, а тие веројатно очекуваа да биде избран некој друг кој што ќе си има Заев свое влијание и ќе има свои слуга во рамки на ВМРО-ДПМНЕ, во такви услови СЈО спротивно на законот 17 месеци после завршување на мандатот на СЈО, затоа што СЈО имаше мандат до јуни 2017 година да поднесува обвиненија, во ноември 2018та година поднесоа обвинение за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ познат во јавноста како Талир1 и Талир2 и со судска одлука го замрзнаа целокупниот имот на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Николоски.
Николоски кажа дека и покрај тоа што имотот на ВМРО-ДПМНЕ е замрзнат, а жиро сметката на партијата блокирана сепак успеале да победат на локалните избори, потенцирајќи дека избори не добива ниту имот, ниту жиро сметка, избори добива народ.
ВМРО-ДПМНЕ од ноември 2018та година до денес значи скоро 4 години има замрзнат имот, односно ние сме гости во нашиот имот, гости во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ. Имаме право само да ги користиме, но немаме право ништо друго да правиме со тој имот и во најголем дел од времето блокирана жиро сметка. Но, и во такви услови успеавме да ги победиме минатата година, затоа што избори не добива ниту имот, ниту жиро сметка, избори добива народ, изјави тој.
И потоа што се случи ја фатија Катица Јанева во медот и тоа е основната причина зошто не им успеа мастер планот за затворање на ВМРО-ДПМЕН, бидејќи она требаше да биде носител на тој мастер план но ја фатија со рацете во медот и практично не можеше да ја доврши работата. Но, тој процес продолжи во рамки на судот со намалено темпо. Доколку судот судеше според закон воопшто не требаше процесот да почне затоа што е од неовластен тужител, односно мандатот на СЈО е завршен и кога ќе им заврши мандатот тие не смеат да поднесуваат обвиненија. Да имаше во Македонија суд кој што работи по закон ќе кажеше судот повелете предметот назад, вие не сте овластени да поднесувате обвиненија во рамки на судот. Но, судот не го направи тоа, го прифати и според тоа обвинение се суди. И сега гледаме која била целта, во завршните зборови кои што се случија минатата недела, да јасно се стигматизира ВМРО-ДПМНЕ и да се прави перцепциски проблем на ВМРО-ДПМНЕ во однос на јавноста за имотот на партијата, дециден е Николоски.
Јас тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ има далеку помал имот од СДСМ и тврдам дека СДСМ нема денар платено за својот имот затоа што тоа што беше имот на Сојуз на комунисти на Македонија чиј имот беше создаван од целокупниот македонски народ едноставно си го преграбија. Седиштето што е на СДСМ на Бихаќка порано беше Министерство за образование, треба да одговорат како од МОН стана седиште на СДСМ. И треба да се свесни оние кои што го туркаат овој предмет во рамките на судско обвинителскиот систем дека и тие ќе понесат одговорност од причина што незаконското дејствување се однесува на сите што го направи тоа незаконско дејствување, заклучи Николоски.