Во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и мултилатералната соработка во рамки на НАТО и ОБСЕ, регионалните предизвици, како и последици на руската инфазија на Украина, информираат од МНР.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе отпатува во официјална посета на Турција каде што ќе оствари средба со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу и со претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп, соопшти МНР.

– Во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и мултилатералната соработка во рамки на НАТО и ОБСЕ, регионалните предизвици, како и последици на руската инфазија на Украина, информираат од МНР.

Во текот на неговата посета во Турција, Османи ќе сретне и со поранешниот турски министер за надворешни работи Хикмет Четин, кому ќе му додели признание по повод 30-годишнината на независноста на Македонија.