Среќа во несреќа е што во градинката „Мајски цвет“ (Карпош, Тафталиџе2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
-Инаку на увид, градба, отварање за оваа градинка имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалитетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот. Голема несигурност за децата.
Голема среќа што таванот паднал за викенд, кога градинката била празна, пишува тој на Фејсбук.