Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска апелираше до Американскиот еврејски комитет да помогне во заострувањето на санкциите кон Русија и да се забрза испораката на западно оружје во Киев, се наведува на веб-страницата на Глобалниот форум на Комитетот.
– Одбранете ја потребата од зголемување на антируските санкции. Знам дека веќе многу помогнавте, но можете уште повеќе да го искористите своето влијание, рече украинскиот лидер.
Тој укажа и на потребата од забрзана испорака на оружје за Украина.
– Потребно ни е моќно офанзивно оружје, без кое конфликтот само ќе се одолговлекува, додаде Зеленски.