Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на прес-конференција детално објасни зошто Алијансата воено ја помага Украина.

Премиерите на Албанија и Црна Гора ќе патуваат во Киев. Покана доби и македонскиот премиерот Ковачевски, но тој поради набиената агенда решил да не патува за Украина. Абазовиќ и Рама ќе се сретнат со Зеленски за уште еднаш да му дадат поддршка. Идејата за ваквата посета била на црногорскиот премиер, кој по поканата на Зеленски да оди во Украина, предложил тоа да го направи со премиерите на земјите од Западен Балкан членки на НАТО.

Во меѓувреме не мируваат боиштата во Украина. Најтешка е состојбата во Севернодоњецк. Киев објави дека нејзините војници се принудени да се повлечат од центарот на градот, но и дека борбите продолжуваат. И додека завојуваните страни бројот загинати и ранет, се засилува меѓународниот притисок за мировно решение. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на прес-конференција детално објасни зошто Алијансата воено ја помага Украина …

А додека Украина за својата слобода плаќа во човечки животи, многу држави за руските енергенси плаќаат со милијарди евра и рубљи. Само во првите три месеци од војната Русија заработила речиси 100 милијарди евра. Центарот за истражување на енергија и чист воздух, објави дека повеќето фосилни горива биле испратени во ЕУ, а просечната извозна цена била за околу 60% повисока од ланската.

Најголеми поединечни земји кои увезуваат руски фосилни горива се Кина, Германија и Италија.