-Во економијата работите не се случуваат преку ноќ, туку треба еден подолг временски период за да стигнеме до таму каде што стигнавме денеска. Ние во континуитет години наназад обвинуваме, коментираме и постојано посочуваме дека Владата во континуитет прави погрешни економски политики. Односно речиси и да нема економски политики. Ќе тргнам најпрвин од она што се вика даночна политика, вие имате комплетно нестабилна даночна политика, едно ветуваа кога доаѓаа и кога беа изборите 2016-та година за да во континуитет да имаме промени во даночната политика. Од таа причина последните пет години ние воопшто немаме или многу малку имаме инвестиции од страна на приватниот сектор, тоа што треба да биде мотор во економијата, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за вестите на Алфа телевизија.
Димитриеска Кочоска додаде дека во континуитет погрешните политики на СДСМ ја доведе државата во лоша економска состојба односно до економскиот крах.
-Денес имаме многу тешка ситуација со која што се соочуваат граѓаните во Македонија, а тоа е високите цени кои што се да кажеме највисоки во регионот. Морам да потенцирам една работа, ние во континуитет зборувавме дека инфлацијата во Македонија не започна со војната во Украина. Инфлацијата започна многу порано. Јас зборував за инфлацијата уште во јануари 2021 година. Односно да не заборавиме поскапувањето во Македонија на електричната енергија предизвика да почнат да се раздвижуваат цените. И значи веќе во 2021 година државата имаше поскапување на цените, појасни Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска посочи дека лошата економска состојба во Македонија не ја коментира само ВМРО-ДПМНЕ туку и сите меѓународни финансиски институции.
-Значи ние сега имаме полош живот од било кога дури и од периодот на транзиција мислам дека ќе биде многу позаборавен во однос на тоа што се случува сега во економијата, нагласи Димитриеска Кочоска.
Таа укажа дека и во енергетиката состојбата е катастрофална. И таму во континуитет ВМРО-ДПМНЕ опоменуваше и кажуваше дека ќе се дојде до ситуација која што денес се случува во Македонија во однос на електричната енергија. Но слух од страна на Владата немаше воопшто во минатото, па ниту сега.
-Најмногу мене ме загрижува е сега ребалансот во Собранието. Ако го погледнете ребалансот ќе видите дека воопшто со ниеден чекор не покажуваат дека навистина се свесни дека ќе имаме пред нас лоша зима, дека ќе преземат некакви мерки во однос на заштита на стандардот на граѓаните, да кажеме на енергетскиот сектор итн. Прво, енергетските компании завршија со огромни загуби што јасно покажува дека до крајот на месецот ќе добиеме информација односно нова одлука дека цената на електричната енергија ќе биде поскапа. Се заговараат некакви блокови кои што ќе значат дека најголем дел од населението ќе плаќа многу повисоки сметки од досега. И она што најмногу ме загрижува што ќе се случува со граѓаните надвор од Скопје? Тоа никој воопшто не го зборува. Значи кога ќе дојде после септември, октомври, кога ќе почне грејната сезона, таму нема парно. Иако проблемот и во Скопје со парното е огромен. Значи ние во континуитет имаме проблеми со оваа влада, рече Димитриеска Кочоска.
Потпретседателката потсети дека со ребалансот јавниот долг ќе надмине 70%. Три години по ред Македонија има галопирачки раст на јавен долг. Парите кои што се позајмуваат се користат само за корупција и криминал.
-И затоа е премногу! Премногу е, затоа што го уништија граѓанинот во Македонија, го уништија животниот стандард, нагласи Димитриеска Кочоска.