Русија ја прекинува важноста на сертификатите издадени на три претпријатија за поправка на авиони – две во Бугарија и едно во Чешка.
Станува збор за бугарските „Терем – Летец“ и „Авионамс“, како и за чешкиот „Лом Прага“, пренесува Еуроњуз Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, одлуката на Москва е одговор на испораката на воена опрема за Украина од страна на земјите од НАТО и ЕУ.
Таа додаде дека на компаниите ќе им се одземе правото да вршат одржување и поправка на хеликоптери од руско производство.
Министерот за одбрана на Бугарија во оставка, Драгомир Заков вели дека одлуката на Москва не е изненадување, но се уште не е доставен официјален допис од руска страна.