Претседателот на Парламентот на Шри Ланка ја прифати поднесената оставка на претседателот на државата Готабаја Раџапакса, откако тој побегна во Сингапур пред бунтот на народот предизвикан од најлошата економска криза.

Најавено е дека должноста претседател привремено ќе ја преземе премиерот на Шри Ланка.

Во своето обраќање до нацијата, претседателот на парламентот истакна дека премиерот Ранил Викремесинге ќе положи заклетва како вршител на должноста додека парламентот не избере нов шеф на државата.

Викремесинге во средата беше именуван за вршител на должноста претседател откако Раџапакса избега од државата, но сега повторно ќе мора да биде именуван откако беше прифатена оставката на Готабаја.

Според претседателот на Парламентот процесот за избор на нов претедател би требало да заврши за седум дена, а парламентот на државата на седница закажана за утре би требала да одлучи кога законодавното тело со 225 места ќе бира нов претседател.