Денес е трет ден од расправата во македонкското собрание околу францускиот предлог.
Откако ќе завршат сите говорници ќе се гласа за овој предлог.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 13:45 во седиштето на партијата ќе оддржи прес-конфенција.
-Почитувани, ве известуваме дека денеска во 13:45 часот, пред Централен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе се одржи прес конференција за медиуми, при што ќе се обрати, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија, се вели во соопштението испратено до медиумите од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.