Претседателката ДОМ не открива како ќе продолжат да функционираат во коалиција со СДСМ откако зелената партија застана против францускиот предлог.

Морачанин вели , лажни се тезите дека ДОМ не е членство на Македонија во ЕУ, дека сака сруши Владата, да предизвика нестабилност на државата. Напротив ДОМ смета дека во време на повеќеслојна криза на Македонија не и се потребни предвремени избори и предвремени избори.

Морачанин смета дека партијата донела правилна одлука за неприфаќање на францускиот предлог, затоа што како што вели тие се залагаат за членство на Македонија во ЕУ, но загрижени се за внесувањето на билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми, во преговарачкиот процес.

Морачанин сакала да ја обрзложи одлуката на ДОМ пред пратениците во Собранието, но одлучила да не се појави во Парламентот поради нивото на дебата која се водела во Законодавниот Дом.

Лидер: Се изјаснивте против но не бевте дел од Собраниската седница кога се гласаа заклучоците по однос на т.н. Француски предлог. Сметате ли дека постапивте исправно и не бевте еднинствената со притиснат тастер НЕ?

Имав намера да се вклучам во дискусијата во Собранието. За жал, пленарната седница се сведе на обвинувања, навреди и недолично однесување. За мене тоа е неприфатливо и одбивам да учествувам во дебата во која треба да се надвикувам со останатите пратеници. Демократскиот капацитет на македонското општество е на многу повисоко ниво од она што се случуваше во храмот на демократијата.

Лидер: Пратениците гласаа за закучоци кои не ги видоа, ниту пак беше обелоденет протоколот пред неговото потшишување. Дали со оваа “тајна мисија“ заштитен е македонскиот идентитет, јазик и историја во ситуација кога Бугарија и натаму го негира македонскиот јазик?

Се согласувам дека целиот процес требаше да биде поинклузивен и потранспарентен. Тоа беше и барање на ДОМ кое го споделивме со јавноста. ДОМ имаше одговорен и конструктивен пристап и заедно со многу други општествено-политички чинители дадовме позитивен придонес и така ќе продолжиме и во иднина. Веќе работиме, заедно со нашите европски пријатели на интензивирање на афирмацијата на македонскиот јазик, култура и историја, во европските држави.
Убедена сум дека “асимилација и бугаризација” на Македонците не е возможна. Јас не сум голем љубител на историјата и мојот став е дека историјата треба да им ја оставиме на историчарите, а ние кои се занимаваме со политика, да се грижиме за сегашноста и иднината. Но, ако низ вековите, во многу потешки околности, опстоил и македонскиот народ и македонскиот јазик, сметам дека во 21 век, нема простор за вакви стравови. Иако, немам одговор на прашањето, како е можно држава членка на ЕУ да оспорува нечиј јазик и идентитет?

Лидер: Како вие како ДОМ која негува европски вредности не дадовте зелено светло за европската иднина?

Зелената партија ДОМ имаше јасен став дека нема да го поддржи т.н. француски предлог. Јавноста детално беше информирана дека ние сме проевропска партија која се залага за членство на Македонија во ЕУ, како и за нашата загриженост за внесувањето на билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми, во преговарачкиот процес. Суштината на преговарачкиот процес е прогрес на македонското општество во насока на развој на демократијата, владеење на правото, борба против корупцијата, унапредување на човековите права, како и заштитата на животната средина и климата, за да создаваме подобра иднина, а не да останеме заглавени во толкувањата на минатото. Секако, согласно вредностите и мотото на ЕУ: Обединети во различностите! Впрочем, Македонија одамна ги исполни условите за почеток на преговори, за што има и одлука на Советот за општи работи на ЕУ, од март 2020 година.

Лидер: Како ќе продолжите понатаму да функционирате во коалиција со СДСМ кога јасно исстапивте од клучниот приоритет за кој се залага Владата? Можно ли е ваше дискретдитирање?

Во јавноста се пласираа лажни тези дека ДОМ не е за членство на Македонија во ЕУ, дека сака да ја сруши Владата и да предизвика нестабилност на државата, дека сме националисти, проруски ориентирани и уште какви се не невистини, кои уште еднаш сакам да ги демантирам. Апсурдни се овие етикетирања, кога јас со месеци наназад јавно зборувам дека предвремени избори, во екот на оваа светска енергетска и економска криза, не се во интерес на граѓаните и државата и бев една од двете пратенички кои ја поднесоаа Декларацијата за Украина во Собранието. Но, во нашето длабоко поделено општество и црно-бело политичко милје, има многу мал простор за различно мислење.

Лидер: Дали ќе ставите потпиш на референдумот кој го најавува опозицијата за како што вели спречување на асимилацијата и бугаризација на македонскиот народ и држава?

Одржување референдум за било кое прашање е механизам на директна демократија, граѓаните непосредно да одлучат. Но, симптоматично е кога политички партии кои пред четири години повикуваа на бојкот на референдумот, па дури и за бојкот на пописот минатата година, сега бараат референдумско изјаснување на граѓаните. И потоа, се чудиме зошто граѓаните немаат доверба во политичарите?