Владата на Нов Зеланд го претстави новиот закон со кој се обидува целосно да го забрани пушењето и за идните генерации, пишува Гардијан.
Планираат да го направат со поставување на нов лимит за набавка на цигари секоја година. Новите мерки за кои се расправало во парламентот се сметаат за први мерки од ваков тип во светот.
Пратениците од Нов Зеланд ветија дека ќе стават крај на, како што велат, одвратното и бизарно владеење на тутунските компании, со воведување на прв светски закон што ќе ја спречи следната генерација да може легално да купува цигари.
„Со децении им дозволувавме на тутунските компании да го задржат својот удел на пазарот со тоа што нивниот смртоносен производ е сè позависнички“.
-Предлог-законот е на прво читање и имал речиси едногласна поддршка. Се очекува законот да стапи на сила во 2023 година. Правилата важат само за тутунските производи. Опозицискиот национален пратеник Мет Дуси рече дека иако партијата ќе го поддржи законот во оваа фаза, тие се загрижени за неговата експериментална природа. Либертаријанците биле единствените кои се спротивставиле на законот, пишува Гардијан.