Во акциска контрола на територијата на СВР-Штип по улиците низ источниот регион одземени се вкупно 13 мотицкли. Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека во контролите регистрирани се прекрошоци по разни основи, а одземените мотоцикли се поради предизвикување поголема бучава.
Според штипјани, кои МИА ги анкетираше велат дека акциите треба да се засилат, за да се воведе ред во сообраќајот, а пред сѐ, како што посочуваат, се потребни да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено кога станува збор за возачите на мотоцикли. Забележуваат дека најмногу им пречи бучавата од мотоцклите во текот на вечерните часови.
– Треба и многу построго да е за моторциклите. Затоа што се лудилио, плус возат без заштитни кациги, треба посторго, вели штипјанецот Миле Алексов.
– Во населбата „Сењак“ во текот на ноќта не се спие, од децата со мотори, кој знае што прават дали се тркат, неподносливо е, вели Дафинка Динова.
Од СВР-Штип известуваат дека засилени акциски контроли во областа на сообраќајот ќе продолжат и во текот на наредните денови. Целта е единствена да се почитуваат сообраќајните правил и прописи и патиштата во државата да бидат побезбедени. Истовремено апелираат до сите ученисици во сообраќајот да возат безбедно и одговорно. Во рамки на кампањата „Безбедно лето“ се спроведе и кампања за носење кацга и почитување на сообраќајната сигнализација.