Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави продолжувањето на примирјето во Јемен на уште два месеца и периодот на мир „без преседан“ во земјата уништена од осумгодишна војна, пренесе Бета.
– Претседателот Џо Бајден го поздрави продолжувањето на примирјето во Јемен, нагласи портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа.
Обединетите Нации (ОН) информираа дека завојуваните страни во Јемен се договориле да го обноват постоечкото примирје на уште два месеца по заеднички меѓународни напори.
Претставникот на ОН за Јемен, Ханс Грундберг во соопштение изјави дека договорот е меѓу меѓународно признатата јеменска Влада и јеменските бунтовници Хути.