Најмалку педесет луѓе загинаа во поплави во Нигерија предизвикани од обилните дождови, соопшти Националната агенција за управување со вонредни состојби.
Извршниот секретар на Агенцијата, Сани Јусуф, за телевизиските канали изјави дека државата обезбедила 11 кампови за привремено сместување на граѓаните кои останаа без покрив над главата во поплавите во изминатите четири дена.
Јусуф рече дека во поплавите се повредени стотици луѓе, како и дека се уништени повеќе од 200 станбени објекти.