Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки, претседателот на Левица, Димитар Апасиев, и генералниот секретар на кабинетот на Претседателот, Миле Бошњаковски, се дел од присутните гости на денешното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија.
Претставник на претседателот Пендаровски беше Миле Бошњаковски.
Мицкоски на отворањето истакна ова е потврда дека македонскиот идентитет, народ и јазик се константни.
„Честитки за отворениот македонски клуб, кој е потврда дека и од оваа страна на границата македонскиот идентитет, народ и јазик се константни. Добро е што застануваме сите обединети, гледам и други политички партии овде, гледам и претставник од кај претседателот на државата. За жал, не можам да видам никој од кабинетот на премиерот, што навистина претставува голем пропуст и понижување на македонскиот народ, но тоа е тоа, тие си знаат зошто тоа го прават и која е нивната цел“,рече Мицкоски.