Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки преку статус на Фејсбук пишува дека ќе ја прифати поканата за ТВ дуел со министерката за одбрана Славјанка Петровска.
„Благодарам за поканата за ТВ дуел од страна на министерот за одбрана, г-ѓата Славјанка Петровска.
Секако дека поканата за ТВ соочување ќе ја прифатам и нема да дезертирам како нејзиниот трајно неспособен Премиер кој прв и’ го лајкнал статусот.
Оставам на центрите за комуникација на двете партии во договор со националните медиуми да договорат термин за нашиот ТВ дуел“, стои во неговиот пост на Фејсбук.