Поранешниот министер за надворешни работи сега пратеник, Антонио Милошоски вели дека ако се докаже дека директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ја злоупотребил службената положба во случајот со издавање на македонски пасош на Украинецот Олександар Онишченко тогаш тоа би било девалвирачки и за безбедносниот и за меѓународниот углед на Македонија.
Собраниската комисија за надзор над работата на безбедносните служби е директно надлежна врз работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) а комисијата за надворешна политика за целокупната биографија на амбасадорите. Но доколку се утврди дека Виктор Димовски како директор на АНБ го злоупотребил своето место и постапил несовесно издавајќи државјанство на човек кој се бсрта со меѓународна потерница и е на црната листа на САД тогаш тоа би било навредувачки за Македонија таков човек да ја претставува во Париз. Тоа би било девалвирачки не само за безбедносниот туку и за дипломатскиот углед на Македонија – вели Милошоски.