Премиерот Димитар Ковачевски упати честитки до нашата параолимпијка Оливера Наковска Бикова од Битола која го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината „П4-пиштол слободен избор“ кое се одржува во Обединетите Арапски Емирати.

-Искрени честитки за македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова за освоениот златен медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион. На Оливера и на сите параолимпијци им посакувам успеси и во иднина. Вие сте нашата гордост, пример како се бранат македонските бои и најголем промотор на Република Северна Македонија во светот, истакна Ковачевски во честитката на социјалните медиуми.