Приватните превозници денеска ќе одлучат како ќе се одвива нивниот утрешен протест – со блокада само на крстосницата кај „Мавровка“ или 200 нивни автобуси ќе блокираат неколку крстосници во центарот на градот, со што може да дојде до целосна блокада на сообраќајот во главниот град.
Претставници од приватните превозници велат дека денеска ќе имаат координативен состанок за понатамошно дејствување, по што ќе ги објават деталите за нивното натамошно дејствивање.
Според „Макекспрес“ и „Слобода превоз“, ЈСП и Град Скопје им должат околу 1,5 милиони евра.