Трговскиот шопинг центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје прими дојава за бомба, по што реагираше полицијата и го евакуираше целиот тровски центар и сите вработени додека траат проверките.
Ова е првпат закана да биде испратена во шопинг центар, откако досега имаше по училиштата, а вчера беше испратена закана и до Народната Банка. Освен Ист Гејт, денеска дојава за бомба доби и трговскиот центар Бисер.
Видео на оваа тема објави и А1он.
Инаку и утрово имало закани за бомби во неколку средни училишта, по што МВР и антитерористичка екипа се на терен и ги проверуваат овие закани.
Досега сите закани за бомби се покажаа лажни.