Силите на КФОР го зајакнаа присуството на административниот премин Јариње во пресрет на денешниот собир на неколку здруженија од Србија, кои во еден момент го пробија кордонот на српската полиција.
Во близина на административниот премин се собра група грагани од ценрална Србија, Црна Гора и Република Српска, кои истакнаа дека се дојдени да дадат поддршка на српскиот народ на Косово.
Припадниците на КФОР зад административната линија, од страна на косово, развлекоа бодликава жица, додека од српска страна на преминот беше формиран кордон од полиција. Во еден момент дел од граганите се буткаа и расправаа со полицијата успевајќи да се приближат до административниот премин, каде повторно беа запрени од полицискиот кордон. По околу два часа учесниците на собирот си заминале.
КФОР соопшти дека го зајакнал присуството од безбедносни причини, а во одговор на приштинска Коха извавиле дека тоа е сторено поради можно присуство на како што е наведено криминални групи мегу демонстрантите инаку, Србите на северот на Косово деветти ден протестираат на барикадите, а затворени се премините Јариње и Брњак.