Во еуфорична атмосфера попладнево беше пречекана фудбалската репрезенатција од Светското првенство во Катар, каде го освои третото место. Со огномети и хрватски знамиња граѓаните ги пречекаа уште на аеродромот, а при слетувањето авионот беше дочекан со воден поздрав, како дел од церемонијалниот настан во воздухопловната индустрија каде што авионот се полева со вода од противпожарните црева по слетувањето.

За фудбалската репрезентација е организиран специјален панорамски автобус кој со полициска придружба се движи кон плоштадот во Загреб.

Централната прослава се одржува на плоштадот бан Јеличиќ, но градските власти ги повикаа навивачите да излезат на улиците, не само на плоштадот, за да ги поздрават фудбалерите.

Начинот на прослава е ист како пред четири кога Хрватите на Мундијалот во Русија играа финале и го освоија второто место.

На светското првенство во Катар тие ја победија Мароко со 2:1. Ова е втора бронза на Хрватска, по првата што ја освоија на Светското првенство 1998 во Франција.