„Она кое што всушност ја кажува ситуацијата на државата и тоа колку народот е незадоволен од работењето на оваа Влада е всушност во анкета на ИРИ прикажано во прашањето – „Дали сметате дека Република Македонија оди во вистинска насока“ и 58% од испитаниците кажуваат дека НЕ оди во вистинска насока. Тука спаѓаат и оние кои што се определиле и за ДУИ, за СДСМ, и за другите албански партии, за Левица и за ВМРО-ДПМНЕ. Значи буквално сите, односно околу 60% од испитаниците кажуваат дека државата не оди во вистинска насока“, истакна Ели Панова, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринска емисија на радио „Лидер“.
Панова додаде дека според анкета на ИРИ, граѓаните во Македонија укажуваат дека има високи цени на производи, слаб стандард за живот, и економската ситуација е доста влошена.
„А, секојдневно ги слушате членовите и претставниците на Владата како се фалат дека добро се справиле со енергетската, економската, па дури и наназад КОВИД кризата. Но истражувањето на ИРИ покажува дека власта има погрешна перцепција, едноставно не знаат што работат, едноставно се неспособни за справување со кризите. Околу 60% од испитаниците сметаат дека се сиромашни“, укажа Панова.
Таа нагласи дека сите иницијативи кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поднесе за жал се ставаат во фиока, власта не сака ниту да ги прочита.
„Ние имавме иницијативи за повеќе анкетни комисии наназад, исто како што имавме интерпелации за повеќе министри наназад, но гледате едноставно дека оваа Влада не сака да се соочи со проблемите. Еден ваков пример би споменала дека во моменти кога сите алармираат на степенот на корупција во Република Македонија, слабата доверба во судството што ја кажува и анкетата на ИРИ, ние во Собранието на Република Македонија веќе две години немаме разгледано ниту еден Извештај“, нагласи таа.