Поради уличен дефект на водоводна мрежа ф 200мм. на булеварот „Партизански Одреди”, пред влезот на Соборниот храм, со прекинато водоснабдување вечерва ќе бидат дел од корисниците на овој булевар, од булеварот „Свети Климент Охридски” до булеварот „ВМРО”, информираат од ЈП „Водовод и канализација”, Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 19 часот до завршување на дефектот.