Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од ЈП Водовод и канализцаија, ги известува граѓаните дека:

Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа на ден 04.01.2023 година ( Среда ), без водоснабдување од 09,00ч. ќе бидат корисниците од о. Бутел и тоа:

Поради дефект на затворач ф-100 мм на ул. Бутелска бб (во близина на расадник Радишани), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Бутелска – парните краци бр. 2, 4 и 6 и непарните од бр.1 до бр.21.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со интервенцијата на дефектот.