Вкупно 42.679 станови во Скопје се празни, според податоци кои „Локално“ ги дознава, а ќе бидат дел од идниот извештај на Државниот завод за статистика.

Пад на продажба на станови претходна година статистички е над 27%, според информациите.

Попрецизно објаснето, тоа се 420 згради од по 10 ката кои стојат празни.

Како што дознаваме, 30.000 стана се наоѓаат во Центар, Карпош, Кисела Вода и Аеродром.