Добар дел од луѓето во светот кои се обидуваат да ја согледаат ситуацијата на Косово повеќе нема да замижуваат и да и велат на Приштина „можеш да правиш што сакаш“, нагласи денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави Косово онлајн.

Вучиќ во изјава за медиумите рече дека со високиот советник на Стејт департментот Дерек Шол разговарал за Косово и регионот, како и за односите меѓу двете земји.

Тој нагласи дека е важно сите да знаат дека Приштина со еднострани потези ги предизвикала сите тензии.

„Нема ниту еден настан и сите теми што постоеја беа еднострано наметнати од Приштина, рече Вучиќ.